Skip to main content
Хроника

Охриѓанец со пиштол му се заканувал на скопјанец поради паркинг место

02/08/2026  14:30

На 01.08.2026 во 13:05 часот  во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда.

Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени  и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава”, пушка „застава” , куршуми и резервни делови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.