Search

Објавен идентитетот на бомбашот од Подгорица

Објавен идентитетот на бомбашот од Подгорица

Црногорската полиција соопшти дека знае кој ја фрли бомбата во дворот на амбасада на САД во Подгорица, а потоа се разнесе. Станува збор за Далибор Јауковиќ, 43-годишник од Подгорица. За него се знае само дека живеел во црногорската метропола и дека е роден во Краљево во Србија.

Јауковиќ се разнесе откако фрли бомба, најверојатно рачна, во дворот на амбасадата на САД во Подгорица, а потсекретар на Стејт департментот тврди дека тој се убил случајно, пренесуваат црногорските медиуми.

Потсекретарот на Стејт департментот Стив Голдстин изјави дека втората бомба експлодирала откако напаѓачот ја фрлил во воздух и го усмртила, пренесува Си-ен-ен. Неговото тело беше најдено на триесетина метри од зградата на амбасадата.

Црна Гора е последната земја што се придружи на НАТО во мај 2017. Потегот беше остро критикуван од Русија, традиционалниот сојузник на Србија со која Црна Гора до 2006 година беше во државна унија. На влегувањето во НАТО се противеа и дел од Црногорците.

Јауковиќ на својот фејсбук-профил во мај минатата година се пофалил со орден за заслуги од областа на одбраната и безбедноста на Сојузна Република Југославија од 1999. Награден е за „исклучително залагање во извршувањето на должноста и задачите во одбраната и безбедноста на татковината“. Фотографиите се проследени со интересен анти-НАТО коментар.

e5ea2c85edb68a3840f79cddb6be08e5.jpg

Треба да знаете
Последни објави