Skip to main content
Свет

НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март

18/12/2024  15:17

НАСА соопшти дека враќањето на астронаутите Сани Вилијамс и Буч Вилмор од Меѓународната вселенска станица ќе биде одложено до крајот на март, со што нивната мисија, која првично требаше да трае само осум дена, е продолжена на повеќе од девет месеци.

Мисијата првично беше закажана за февруари, а НАСА објасни дека е одложена за да имаат доволно време тимовите да ги завршат подготовките за новата капсула „Драгон“ што ќе се користи во мисијата.