Skip to main content
Хроника

Акциска контрола во Скопје, лишени од слобода шест лица

22/11/2026  13:11

На 21/22.11.2026 во периодот од 20:00 до 06:00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акциска контрола по претходно изготвен план за преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје.

При контролата извршени се проверки на идентитет на 34 лица, извршен е преглед кај 25 лица, а прегледани се четири возила. За време на контролата констатирани се 14 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извршена е контрола во осум угостителски објекти и клубови за автоматски игри на среќа, приведени се две лица странски државјани, едно лице е приведено по член 15 од Закон за лична карта. При тоа лишени од слобода се две лица за сторено Кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а едно лице е лишено по член 297а од Кривичниот законик.

За време на акцијата извршено е превентивно делување од страна на полициските службеници со непосредно присуство и со постојани обиколки и повремени задржувања во паркот во Капиштец лоциран на ул. Народен Фронт 66, потоа на бул. „Партизански Одреди бб“, како и кај игралиштето наречено „Дрвен Град” лоцирано на ул. „Славка Недиќ“ поради секојдневното собирање на малолетни лица на дел од локациите.

Извршени се проверки и во повеќе угостителски објекти, при што не се забележани неправилности, односно не се затекнати малолетни лица кои конзумираат алкохол.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.