
„Во текот на вчерашниот ден се добиени писмени информации од Институтот за јавно здравје, Општина Гостивар, Јавното претпријатие ‘Комуналец’ и Центарот за јавно здравје.
Меѓутоа, тие не се целосни бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата. Од тие причини, Народниот правобранител ќе се обрати и до други надлежни институции со цел да се добијат конкретни информации“, велат од неговата канцеларија
Народниот правобранител отвори предмет по сопственана иницијатива за загадувањето на водата во Гостивар, објави ТВ Сител.
Како што соопштија од неговата канцеларијата, преку предметот ќе се утврдува како дошло до нарушување на правото на граѓаните за чиста вода за пиење.
За таа цел се побарани информации од Институтот за јавно здравје, Општина Гостивар, Јавното претпријатие „Комуналец“ и Центарот за јавно здравје.
„Во текот на вчерашниот ден се добиени писмени информации од овие институции. Меѓутоа, тие не се целосни бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата. Од тие причини, Народниот правобранител ќе се обрати и до други надлежни институции со цел да се добијат конкретни информации“,соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.
Случајот со водата во Гостивар влезе и во фокусот на невладиниот сектор и организациите за борба против корупцијата.

