Skip to main content
Хроника

Направена штета од 577.640 денари: Злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола

18/12/2024  14:52

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вкупниот износ на исплати што ги одобрил и со кои предизвикал штета на јавното претпријатие изнесува 577.640 денари, што било констатирано и со наодите од Конечниот извештај за извршена ревизија во претпријатието за 2022 година на Државниот завод за ревизија кој ќе биде предложен меѓу доказите.