
Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.
Претходно непалската полиција соопшти дека како исчезнати се водат 2.381 лице и дека досега се спасени 1.545 лица, објави АНСА.
Спасувачките екипи во Тибет стигнаа до главната област погодена од катастрофално лизгање на земјиштето во неделата, објавија кинеските државни медиуми. Сепак, потрагата по стотици исчезнати лица продолжува во исклучително тешки и опасни услови.
„Шест члена на тимот за брза реакција од Тибетскиот противпожарен корпус и 15 члена и куче од тимот за брза реакција од Сечуанскиот противпожарен корпус пристигнаа во пограничната област“, објави кинеската државна новинска агенција. Според агенцијата, тие се првите професионални спасувачки екипи што стигнаа до главната област на катастрофата.

