Skip to main content
Забава

На домашната пилешка супа ѝ нема рамен: Се спрема по рецепт на нашите баби, а ја загрева душата

26/01/2025  15:23

Време е за ручек! Неделите се ден за одмор на телото и на душата, затоа направете топла домашна супа која ќе му годи и на телото и на душата. Рецептот во продолжение:

Состојки: 400 гр пилешко месо, 3 моркови, 1 мал кромид, 1 голем целер, 1 компир, 1 китка магдонос, 1 лажица мешавина од суви зачини, тестенини, зрна бибер по вкус, сол по вкус, сечкани листови магдонос.

Подготовка: За оваа супа во поголемо тенџере додајте го добро измиеното месо, како и исечканите моркови, сечканиот целер, сечканиот корен од магдонос, цели излупени и измиени компири и кромид исечен на половина. Додадете бибер, по вкус.