Search

Мобилните оператори ќе немаат обврска да му обезбедат на МВР технички услови за прислушување

Измените на Законот за електронските комуникации кои се ставени на увид на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), предвидуваат бришење на спорниот член 175.

Тој член ги обврзуваше операторите да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи, во согласност со Законот за следење на комуникациите.

Според постојното законско решение за кое беше поднесена иницијатива до Уставниот суд,  операторите се должни на сопствен трошок да обезбедат и одржуваат опрема, соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникации, со цел да се овозможи следењето на комуникациите во нивната мрежа.

Во образложението пишува дека со предложениот закон се реализираат препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото за следењето на комуникациите. Овие законски измени се засноваат врз начелото за заштита на моралниот интегритет и почитувањето на човековите слободи и права. Одредбите од овој закон ќе се применуваат со одложено дејство,  најдоцна до 1 ноември 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави