Skip to main content
Скопје

Миро Кацаров поставен за директор на Универзална сала

14/05/2026  15:23

Познатитот ТВ водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје.

Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор.

На фунцкијата Кацаров доаѓа откако бил назначен е од актуелниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Универзална сала со години нема објект, но има директор, а почетокот на изградбата на новиот објект беше означен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година.

Претходно оваа функција ја извршуваше Горјан Христовски.