Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Состојбата со пожарите е под целосна контрола, ангажирани на терен се и Армијата и полицијата, активиран е ЕУ-механизмот

28/07/2025  12:56

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со состојбата со пожарите и тоа како државата се справува со ситуацијата, изјави дека е повикан ЕУ-механизмот за помош, но мобилизирани се сите капацитети во Македонија за справување со пожарите и состојбите сега се под контрола.

Огнена стихија има насекаде во Европа, рече премиерот, потенцирајќи за медитеранскиот дел.

„Но имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборувам во медитеранскиот дел. Во Грција има жртви, огромни пожари, цели населби се зафатени, Во Турција исто така има жртви и повредени, цели населби, цели градови. Албанија, Косово, Босна, Хрватска, Србија, до пред некој ден знам дека имаше околу 240 на ден. Шпанија, Италија, Кипар исто така. Така што, во овој момент нема слободни воздухоплови коишто би биле дел од тој ЕУ-механизам којшто би помогнал. Во моментот, повеќе од 200 припадници на Армијата се на терен. Полициските службеници, практично полицајците, ги возат оние специјалните возила, „БТР”, „Пинцгауери” и „Хермелини”. Така што се организираме, работата е под контрола. Ќе се случува цело лето, ќе има и во август месец. Во овој момент немаме некаде огнена стихија којашто е надвор од контрола”, објасни тој.