Skip to main content
Балкан

Маж од Бачка Топола уапсен поради смртни закани кон Вучиќ, одреден му е притвор до 48 часа

28/06/2025  17:25

Полицијата, во соработка со БИА и Полициската управа Суботица, го уапси Ш. Б. (61) од Бачка Топола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела загрозување на безбедноста и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи.

Тој е осомничен дека прво коментирал објава на профил на медиум преку социјалната мрежа Фејсбук, упатувајќи навреди и сериозни закани со смрт до претседателот на Република Србија и неговото семејство.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Суботица, полицијата го уапси осомничениот, а при претрес на неговиот стан и просториите што ги користи, пронајдени се осум куршуми муниција за автоматско оружје, како и две куршуми маневарска муниција. Тој е донесен во ова обвинителство на распит со кривична пријава.