Search

Ловец тврди дека мечка му ги украла пушките

Руската полиција спровела истрага на истокот на Сибир откако ловец пријавил дека наводно мечка му ги украла двете пушки.

На 16 ноември 57 годишниот ловец заминал во лов во шума која е неколку километри оддалечена од најблиското село.  Во шумата пронашол стара куќа, каде решил да ги остави пушките додека отиде да наполни вода.

Кога се вратил во куќата слушнал чудни звуци и кога видел дека се работи за мечка, избегал во шумата и чекал неколку часа, па се вратил назад и видел дека му ја нема торбата каде што му биле двете пушки.

Полицијата дошла на повик на ловецот, но не пронашла ништо, бидејќи снегот ги прекрил трагите од мечката. На ловецот му следи паричка казна, а може да добие и забрана за користење на оружје година дена.

Треба да знаете
Последни објави