Skip to main content
Хроника

Лишени од слобода возачи во Кочани, Македонска Каменица и Виница, управувале возила под дејство на алкохол

26/07/2025  12:40

Денеска (26.07.2025) во 03.20 часот на улицата „Александар Македонски”  во Македонска Каменица,  полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „ауди”, управувано од Р.А. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта.  

Денеска (26.07.2025) во 00.20 часот на улицата „Искра” во Кочани,  полициски службеници го лишија од слобода Ф.К.(21) од Кочани, кој управувал патничко возило „сузуки” со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.

Исто така денеска, во 02.10 часот во Виница,  полициски службеници го лишија од слобода Т.Л.(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека Т.Л. управувал патничко возило „голф” со 1,57 промили алкохол во крвта.

Лицата се веднаш исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”.