Skip to main content
Хроника

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце” поради фалсификување исправа

26/07/2025  13:28

На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце”, на влез во државата, од слобода се лишени С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје.

При дополнителна контрола  на лицето и возилото биле пронајдени патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други предмети. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по чл.378 од КЗ, пронајдените предмети се одземени, а лицата лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.