Skip to main content
Македонија

Лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски: Тој е човек кого го почктувам, во кафеана може да седи со кого сака

16/10/2025  10:05

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, коментирајќи ги фотографиите на кои поранешниот премиер и претседател, како и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, вели дека секој има право со кого сака да седи во кафеана.

“Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого сака да седи во кафеана”, изјави Димитриевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Димитриевски вели дека СДСМ за него е завршена приказна, но дека жали што партијата ја води лажен социјалдемократ кој го следат милион афери.