Skip to main content
Балкан

Леден дожд и снег во Србија

02/01/2026  18:19

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ апелира до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без итна потреба и да бидат внимателни, особено во ноќта меѓу сабота и недела (3 и 4 јануари), поради најавен леден дожд и обилен снег. Според предупредувањето на Републичкиот хидрометеоролошки завод, врнежите од дожд ќе замрзнуваат на коловозот, додека во северните и источните делови на земјата се очекува пообилен снег.