Skip to main content
Македонија

ЛДП: Двојни аршини на Владата – за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

30/08/2026  10:48

Соопштение на ЛДП:

Ова е уште една шлаканица за народот и за правната држава што не е ниту невиден, ниту првпат за оваа власт, туку таа во континуитет и мизерно продолжува да го практикува. Со случајот Китановиќ добивме уште еден доказ за скандалозните двојни аршини. Преку системот Сејф Сити, секој обичен граѓанин се удира директно по џеб за најмал прекршок и тука нема простување, ниту можност за „повлекување”. Кога обичниот човек ќе задоцни со плаќање сметка кон некоја државна установа, Владата не покажува никакво разбирање, туку веднаш му праќа извршители за блокирање на сметките. За граѓаните важи стриктно и немилосрдно почитување на законите, додека за владините функционери се резервирани изговори, беззаконие и простување.

Срамота! Државната функција не смее и не може да биде штит од кривична одговорност. ЛДП бара итно разрешување на Китановиќ, а МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат по службена должност согласно членот 407-а од Кривичниот законик, бидејќи законите во оваа земја мора конечно да важат за сите поддеднакво.