
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО
Се потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци – пари во буџетот нема.
Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница.
Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра.
Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес.
Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери.
Како што најавуваме со месеци – во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра.
Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично.
Ова не е запаметено во Македонија.
Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %.
Буџетот денес е околу 7 милијарди евра – двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило.
Од нешто прават ништо.
Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари.
Работниците со минимална плата живеат полошо.
Што прави Мицкоски?
Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото.
Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити – тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто.
Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови.
Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза – владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати.
Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат.
Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата – можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема.
Не само што нема проект – нема пари за граѓаните.
Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии.
Дури сакаат да го национализираат вториот столб.
Не ја покачија минималната плата на 600 евра.
Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените – штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит.
Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот.
Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски.
Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија.
Народот ќе победи.

