Skip to main content
Свет

Колумбија прогласи состојба на „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

10/08/2026  21:06

Колумбиската влада прогласи состојба на „национална катастрофа“ откако силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер погоди неколку департмани во земјата.

Поради обемот на катастрофата предизвикана од земјотресот со епицентар во Чоко, во кој загинаа повеќе од 70 лица, Комитетот за вонредно управување со катастрофи објави прогласување на национална катастрофа.

Комитетот го претседава новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, а со прогласување на национална катастрофа, властите сакаат да ја забрзаат мобилизацијата на средства за помош на погоденото население и проценка на оштетената инфраструктура.

Земјотресот делумно урна една од кулите на катедралата во Манизалес.