Skip to main content
Свет

Кинескиот амбасадор во Русија: Обединувањето на Кина со Тајван е поблиску од кога било

03/01/2025  11:02

Обединувањето на Кина со Тајван е поблиску од кога било, со оглед на силата на Пекинг да ја постигне таа цел, изјави за РИА Новости кинескиот амбасадор во Русија Џанг Ханхуи.

Ханхуи нагласи дека Тајван повторно ќе и се придружи на кинеската татковина, опишувајќи го како историски настан што „никој и ништо не може да го запре“, нагласувајќи дека не треба да се потценува решителноста на Кина за националната одбрана, суверенитет и територијален интегритет.

Во новогодишниот говор во вторникот, кинескиот претседател Шји Џјинпинг ја повтори својата визија за единство меѓу Тајван и континентална Кина, опишувајќи ги двете страни како „едно семејство“ и тврдејќи дека нивното обединување е историска неизбежност.