Skip to main content
Скопје

Јакимовски: Со неодобрување на планови за градба, министерот Николоски ја крева цената на станови во Карпош

27/02/2025  09:08

Синоќа на вонредна прес конференција градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски изнесе тешки обвинувања за злоупотреби од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски

MK Summit

Јакимовски го обвини министерот Николоски дека со неодобрувањето на урбанистичките планови предизвикал цената на квадратен метар во општината да порасне за 700 евра во последните девет месеци.

-Цената на станот се движи од 2500 до 3000 евра тоа е најгорливиот проблем за еден млад човек, па и за мене како татко. Сакаш да му обезбедиш станбено прашање на своето дете. Кој е тој млад човек кој може да купи стан во Карпош по цена од 2700 2800 евра за квадрат? Ајде кажете ми еден полицаец кој ќе се вработи за 27 илјади стартна плата без тие додатоци. Па, кога ќе купи тој стан? Со 400 илјади не може да купи…, рече Јакимовски.

Јакимовски вели дека и во дел од изградените згради намерно не се продаваат станови за вештачки да се зголемува цената на станбениот простор.