Skip to main content
Македонија

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата

08/09/2026  13:34

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска додели Орден „8 Септемви“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

– Петтемина добитници на орденот „8 Септември“ оставија дела што не се ограничени на еден жанр, на сцена, една книга, или едно време. Тие создаваа, истражуваа, преведуваа, играа, сликаа, но зад сите тие различни облици на творештво останува нешто заедничко: трага не исчезнува со завршувањето на едно дело, туку продолжува да живее преку оние што го читаат, гледаат, изучуваат и паметат – порача претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата во Вила Водно.

Во говорот претседателката истакна дека 8 Септември не е само историски датум ниту минато свршено време, туку наша трајна обврска којашто секоја генерација ја презема со задача да ја чува, да ја гради, да ја направи подобра државата што ја наследила. А државата, потенцираше, не е само збир на институции, туку извира и им припаѓа на граѓаните.