Skip to main content
Македонија

Јахији од ДУИ победил во Брвеница со стотина гласа предност

01/11/2026  20:44

Аркин Јахији, кандидат на „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, неофицијално е победник во денешниот втор круг од вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според партиски извори, Јахији освоил стотина гласа повеќе од Стојанчо Радичевски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Официјална потврда на овие податоци се очекува.

Изборниот ден во Брвеница го одбележа зголемена излезност во споредба со првиот круг.