Skip to main content
Свет

Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа

09/03/2025  18:34

Израел ќе престане да испорачува електрична енергија за Појасот Газа, изјави денеска министерот за енергетика Ели Коен, една недела откако земјата ја прекина хуманитарната помош за палестинската територија со цел да изврши притисок врз движењето Хамас.

„Само што потпишав наредба за итно прекинување на струјата во Појасот Газа“, рече Коен.

Израелскиот министер рече дека земјата ќе ги искористи сите средства што и се на располагање за да ги врати заложниците и да се погрижи Хамас веќе да не биде во Газа следниот ден по војната.

Израел и палестинското исламистичко движење меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила на 19 јануари.