Skip to main content
Македонија

Измерени -6 утринава: Какво ќе биде времето деновиве?

04/01/2025  10:08

Утрово според податоците од УХРМ најстудено беше на Попова Шапка со измерени -6 степени, потоа во Маврови Анови -4, -1 Скопје Петровец, Куманово, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Крушево, Крива Паланка, Прилеп, Виница, 1 Штип, Велес, Берово, 2 Струмица, Демир Капија, Кавадарци, 3 Битола, Охрид, 4 Гевгелија, 5 Претор. Висината на снежна покривка во 07 часот изнесувала 54 сантиметри на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 14 Крушево, 5 Лазарополе, 2 Тетово. Времето во текот на ноќта и изутринава Облачно со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките и на планините со врнежи од снег, пообилни во западните делови. На планините снежната покривка се зголеми, а помала снежна покривка има и во некои пониски места. Дуваше умерен, долж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 55 км/час).

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда.

Висината на снежна покривка во 07 часот изнесувала 54 сантиметри на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 14 Крушево, 5 Лазарополе, 2 Тетово.