Skip to main content
Македонија

Имињата на новите министри од ВРЕДИ ќе се знаат следната недела, не се размислува за нов коалициски партнер

20/11/2025  13:36

Владата не размислува за нов коалициски партнер и очекува поддршка од сите во Парламентот за реформските закони, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Не гледа причина пратениците во Парламентот да не поддржат реформски закони и смета дека не треба да има уценување и политиканство.

Во однос на прашањето за влез на Алијанса на Албанците во Владата, тој посочи дека нема такво размислување, односно оти актуелната Влада има историски високо мнозинство во парламентот, двотретинско.

Премиерот посочи дека имињата на новите министри од ВРЕДИ ќе бидат познати на почетокот од следната недела.

-Па мислам, на почеток на следаната недела се ќе се знае. На почетокот на следната недела ќе ги поднесеме, изјави Мискоцки, нагласувајќи дека имаат план на активности, што планираат да ги прават внатрепартиски и потоа со институциите, чекор по чекор.

За изборот на повереници за општините во кои немаше концензус за избор на градоначалник, Мицкоски посочи дека ќе бидат соопштени во вторник на Владина седница.