Skip to main content
Хроника

Имаше само 36 години: Почина истакнатиот македонски гитарист

15/07/2025  10:20

На 36 годишна возраст почина македонскиот гитарист, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев.

Работеше и како професор по класична гитара, инспирирајќи го и менторирајќи викенд генерации на млади музичари.

Тој беше гитарист на македонскиот алтернативен рок бенд Греј (Grey), но и професор по класична гитара.

Неговите аранжмани на народни мелодии („Јовано Јованке“, „Со маки сум се родила“ и други) беа прифатени од публиката како емоционални и културно значајни ремек-дела.

Во 2022 година, објави EP-албумот „Synesthesia Live In Skopje“, каде маестрално ги спои класичните техники со кросовер звучност – дело кое останува трајно во сеќавањето на неговите слушатели.

Почивај во мир!