Skip to main content
Македонија

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со денешната истрага за нелегална набавка на деривати

10/03/2025  21:05

МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет

Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Е.С., како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.

Сепак покрај овие три, има уште 10 имиња кои се опфатени во оваа истрага.

24инфо.мк дознава дека во неа се опфатени и екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и А.М. како и други лица вработени во АД ЕСМ но и од фирмите кои нелегално набавувале и доставувале деривати.

За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка.

Истовремено, најмалку едно од лицата од денешната истрага е опфатено и во предметот „Адитив“ и истото се наоѓа во затворски притвор од претходно,