
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи ги повика муслиманските земји, особено тие во Персискиот Залив, да се обединат против својот „вистински непријател“, да ги спречат неговите планови и да се борат против него. Повикот на Хамнеи беше упатен преку објава на социјалните мрежи по повод роденденот на пророкот Мухамед.
Хамнеи, исто така, повика и на единство, заедничка одбрана од непријатели и соработка меѓу муслиманите ширум светот.
Иако, во пораката директно не го именува „вистински непријател“, се претпоставува дека Хамнеи мисли на САД и Израел.
Хамнеи не е виден во јавноста откако беше ранет пред шест месеци при американско-израелските воздушни напади врз Иран. Неговиот татко и претходник на функцијата врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во тие напади.



