Skip to main content
Скопје

Граѓанските организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на ReLoAd 3, повик од општина Аеродром

21/09/2026  14:51

Општина Аеродром ги повикува заинтересираните граѓански организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на проектот ReLOaD 3 – Регионална програма за локална демократија.

По тој повод, на 25 септември 2026 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во Салата на Советот на Општина Аеродром, ќе се одржи информативна сесија на која граѓанските организации ќе се запознаат со можностите за финансирање, условите и критериумите за учество, како и со начинот на подготовка и поднесување на проектните предлози.

Во рамките на вториот циклус ќе се поддржуваат проекти од јавен интерес во четири приоритетни области: заштита на животната средина и одржлив развој; млади, дигитална трансформација и иновации; здравје, превенција и здрави животни навики; социјална инклузија и поддршка на ранливи групи.

Информативната сесија ќе биде можност за граѓанските организации да добијат дополнителни појаснувања и да постават прашања во врска со процесот на аплицирање.

Проектот ReLOaD 3 е поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Општина Аеродром.

Општина Аеродром ги охрабрува граѓанските организации да ги искористат можностите што ги нуди програмата и со своите идеи и иницијативи да придонесат кон создавање поактивна, инклузивна и одржлива локална заедница.

Информативна сесија:
Датум: 25 септември 2026 година (петок)
Време: 12:00 часот
Место: Сала на Советот на Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр. 190-Б

Целосниот оглас со информациите за приоритетните области и условите за учество е достапен на веб-страницата на Општина Аеродром:
https://shorturl.at/BVsrj