Skip to main content
Скопје

Град Скопје: Не можеме да поверуваме дека на МВР не му се гледаат 150 згради дивоградби на 12 спрата

14/07/2025  16:55

Соопштение за јавност на Град Скопје:

Институционално не можеме да поверуваме дека на МВР не му се гледаат 150 небезбедни згради дивоградби на 12 спрата, кои сега дозволуваат да продолжат да се градат и покрај тоа што се пријавувани уредно.

Град Скопје ве прашува господа од власта, нели рековте ќе бидете подобри од тие пред вас, ќе донесете правда, ете тие не постапувале 2 години, ама и вашата прва година власт излезе КАКО И ДО СЕГА. Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу.