Skip to main content
Македонија

Голема полициска акција синоќа, претреси и апсења за економски криминал

03/09/2026  09:19

Доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.

Според информациите низ медиумите, станува збор за случај во кој се сомничи дека преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани средства.

Меѓу осомничените има и вработени во државни институции и претпријатија, од кои едно лице е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а според информациите штетата се проценувала на над 13милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра.