Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Ги расчистуваме дивите депонии и ги санираме проблемите низ маалата

30/08/2026  12:36

Екипите на Општина Центар и овој викенд беа на терен. На повеќе локации низ општината се расчистуваа диви депонии и наталожен отпад, а паралелно се работи и на санација на проблемите на јавните површини.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека екипите ќе продолжат со засилена работа на терен и во наредниот период.

„И овој викенд нашите екипи се на терен и ги расчистуваат дивите депонии. Паралелно, со есенската офанзива одиме маало по маало, улица по улица, ги лоцираме проблемите и реагираме. Ги санираме ударните дупки, оштетената урбана опрема, столпчињата и сè она што е во наша надлежност. Проблемите што ги гледаме на терен, но и оние што ни ги пријавуваат граѓаните, ги решаваме етапно и во најкраток можен рок. Продолжуваме со работа во сите маала во Центар”, порача Герасимовски.

Есенската офанзива ќе ги опфати сите урбани заедници на територијата на Општина Центар. Општинските служби ќе продолжат да ги следат пријавите од граѓаните и да интервенираат на локациите каде што е потребно, со цел Центар да биде почист, поуреден и побезбеден.