Skip to main content
Македонија

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на комисија

14/01/2025  16:44

Како претседател на Собранието, мојата главна одговорност е да го почитувам и спроведувам Деловникот и процедурите на Собранието, вели претседателот на Собранието Африм Гаши за случајот со Илире Даути.

Според него, прашањата, како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.

„До денес, не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на комисија.

Од процедурална гледна точка, ова прашање е решено. Секое друго толкување освен ова е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам“, прецизира Гаши.