Skip to main content
Хроника

ФОТО: Автомобил целосно изгоре во Скопје

03/11/2026  14:49

Патничко моторно возило изгоре на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, при што автомобилот е речиси целосно уништен од огнената стихија.

Како што може да се забележи од фотографијата од местото на настанот, возилото е целосно опожарено, со сериозни оштетувања на каросеријата, внатрешноста и моторниот простор.

Околу изгорениот автомобил се забележуваат расфрлани делови.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали во инцидентот има повредени лица.