Skip to main content
Македонија

Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ

31/01/2025  10:07

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, г-ѓа Каролина Леаковиќ.

По средбата Филипче посочи дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на поддршката на СДП и соработката во градењето на новата Програма на СДСМ, како две сестрински партии кои споделуваат социјалдемократски вредности.