Skip to main content
Македонија

Ферати – Улусој: Во фокусот институционалната соработката меѓу двете земји

07/08/2026  19:35

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, на која разговараа за унапредување на соработката меѓу двете земји и за прашања од заеднички интерес.

За време на средбата беше истакната подготвеноста за натамошно зајакнување на пријателските односи и институционалната соработка меѓу двете држави, со посебен акцент на областите на образованието, воспитно-образовниот процес и правичната и соодветна застапеност на турската заедница во земјата.

Министерот Ферати ја нагласи важноста од еднаков третман на сите етнички заедници и обезбедувањето еднакви можности во сите сфери на општествениот живот, вклучително и развојот на инфраструктурата.

Соговорниците ја истакнаа важноста од продлабочување на соработката и со невладините организации и турските институции кои дејствуваат во земјата, вклучувајќи ја Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), како и други организации, меѓу кои и МАТУСИТЕБ, со цел реализација на проекти што придонесуваат за развојот и благосостојбата на граѓаните.

Министерот Ферати и амбасадорот Улусој ја изразија својата подготвеност за натамошно унапредување на партнерството меѓу двете земји.