
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром.
На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји, со фокус на развојните програми и унапредувањето на заедничките проекти, преку искористување на шведското искуство и поддршка.
Посебен акцент беше ставен на промовирањето на агенди што ги поврзуваат граѓаните и институциите на двете земји, особено во областите поврзани со младите и бизнис-секторот, како и на зајакнувањето на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници во земјата.
На средбата беше оценето и значењето на поддршката од Шведска за реформските процеси и евроатлантскиот пат на Северна Македонија.
Министерот Ферати и амбасадорот Солстром изразија подготвеност за поттикнување нови иницијативи што ќе придонесат кон развојот, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји.



