
Министерот Агон Ферати оствари средба со претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (Матуситеб), Тахсин Ибрахим, на која во фокусот на разговорите беа застапеноста на турската заедница во државните институции и потребата од унапредување на нејзината положба во институционалниот живот.

За време на средбата се разговараше и за можностите за продлабочување на соработката со турските невладини организации, со цел подобра координација на активностите и реализација на проекти од заеднички интерес.

Посебен дел од средбата беше посветен на координацијата на активностите за одбележување на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, како и на значењето на активното вклучување на заедницата во општествениот живот. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на унапредувањето на социјалната инклузија, зајакнувањето на соработката меѓу институциите и заедниците, како и градењето на општествената кохезија, придонесувајќи за поинклузивно и пообединето општество.

