Skip to main content
Хроника

Едно лице загина во сообраќајката на патот Куманово-Крива Паланка: МВР со детали

28/07/2025  15:39

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово.

Од Итна помош кажаа дека нивна екипа излегла на терен.

– Наша екипа веднаш излезе на терен и лекарот констатирал смрт, изјави д-р Бленд Алии, началник на Итна помош Куманово.

Сообраќајот на овој патен правец е затворен поради увидот од страна на полицијата.