Skip to main content
Скопје

Една општина во Македонија доделува еднократна финансиска помош од 2.500 денари за пензионери – еве како да аплицирате

09/07/2025  13:03

Општина Центар ги повикува пензионерите да аплицираат за еднократна финансиска помош од 2.500 денари. Повикот започнува од денеска, 9 јули, и важи за пензионери, жители на Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, со месечен износ до 26.157 денари.

„Продолжуваме со финансиската поддршка за нашите пензионери. Ова е уште еден доказ за нашата постојана грижа и солидарност со највозрасните сограѓани“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, барака број 6, или можат да се преземат преку веб-страницата на општината.

Архивата е отворена за странки секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Повикот ќе трае до 18 јули или до исцрпување на средствата.

Општина Центар обезбеди 5 милиони денари за реализација на оваа мерка. Повеќе информаци на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25920