Skip to main content
Магазин

Двата свршенички прстена на Лејди Гага: едниот е од трева, другиот вреди 2 милиона долари

13/03/2025  11:44

Лејди Гага неодамна се појави во шоуто на Хауард Стерн. Таму открила дека нема еден, туку два веренички прстени. И не само тоа, туку момчето Мајкл Полански прво ја запроси со – прстен од трева.

Тревата е заштитена со смола за да може да се носи како прстен. Вториот е потрадиционален дијамантски прстен, наводно вреден два милиони долари.

„И двата ги сакам подеднакво. Но, прстенот од трева, не можеш да замениш нешто со такво значење“, истакна Гага, која често ги носи двата прстени истовремено.

Пејачката и претходно зборуваше за прстенот од тревата, присетувајќи се на разговорот со Полански пред тој да ја запроси на 1 април минатата година.

„Тој ме праша: Ако некогаш те запросам, како да го направам тоа?. Јас одговорив: Само земи парче трева од градината и завиткај го околу мојот прст. Тоа е она што тој го направи“, опиша таа.