Skip to main content
Хроника

Виљушкар прегазил работник – трагедија во скопски Аеродром

13/08/2026  17:06

Трагичен настан се случил вчера во кругот на фирма на подрачјето на скопската општина Аеродром, каде што 65-годишен маж го загубил животот при извршување работни задачи.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, околу 12:25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во круг на фирма има починато лице.

Според пријавеното, В.Н.(65) од Скопје, при изведување работни задачи, бил прегазен од виљушкар кој претходно сам се придвижил.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а за случајот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.

Надлежните институции треба да ги утврдат сите околности под кои дошло до трагичниот настан.