Skip to main content
Хроника

Двајца повредени, едниот потешко, во сообраќајка во Скопско

08/05/2025  14:05

Во СВР Скопје вчера околу 12.40 часот било пријавено дека на локален пат с.Арачиново – с.Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од с.Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од с.Бардовци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот на возилото „мерцедес“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.