Skip to main content
Хроника

Велешанец запалил сува трева и шут во дворот, па предизвикал пожар

17/09/2026  11:42

На 16.09.2026 во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Т.(59) од Велес затоа што во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.