
Соопштение на ДОМ:
ДОМ силно ја поддржува петицијата за повлекување и преиспитување на Нацрт-ДУП-от за „Барутана” и запирање на предвидената изградба во пошумените делови на Водно.
Затоа, ги повикуваме граѓаните да ја поддржат петицијата и да се вклучат во јавната анкета за Нацрт-ДУП-от „Барутана”. Петицијата може да се потпише на следниот линк: Стоп за бетонизација на Водно
Советникот на ДОМ во Општина Центар ќе ја поддржи иницијативата и ќе гласа за заштита на Водно од понатамошна бетонизација. Во Советот ќе се заложи за повлекување и преиспитување на планот, зачувување на шумските површини и планинарските патеки и почитување на јавниот интерес.
ДОМ смета дека недозволиво е Водно да се третира како градежна парцела. Неговата шума е природен заштитник на Скопје и има клучна улога во спречувањето на ерозија, лизгање на земјиштето и поројни води. Особено загрижува фактот што се отвора простор за нова изградба на стрмен и пошумен терен, и покрај предупредувањата за еколошките и безбедносните ризици.
Заштитата на шумата и природниот амбиент мора да имаат предност пред интересите за евентуална градба.
Водно е зелениот штит на Скопје. Да го заштитиме, а не да го бетонизираме.

