Skip to main content
Македонија

Директорот на Царина: Поднесени кривични за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила

10/02/2025  13:55

Уште осум лица, од кои тројца цариници се осомничени за вршење кривични дела со употребувани возила. До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе се поднесени кривичните пријави. Вкупно досега се опфатени 32 лица, од кои 11 се цариници. Истите се сомничат за царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. За осум царински службеници веќе има решенија за отказ. Ова го истакна директорот на царинска управа, Бобан Николовски во емисија „Дејли клик” на ТВ 21.

„Не амнестираме никој, разгледуваме што се случувало, но одиме напред и спроведуваме реформи со цел остварување подобри резултати. Буџетот беше празен и ние моравме да дадеме брзи резултати. Одиме добро и во континуитет остваруваме добри резултати”, потенцира директорот.

Во јули остварена е историски највисока наплата на приходи во еден месец. Во втората половина од 2024 година наплатени се 65,2 милијарди денари или 4 милијарди денари повеќе во однос на истиот период во 2023 година.