Skip to main content
Македонија

Дилеми во образовниот систем: Дали Македонија треба да ја укине деветолетката?

10/09/2026  09:26

Кога една успешна европска држава како Словенија коај биле дел и од еден заеднички општествен систем наречен Југославија го преиспитува сопствениот образовен модел, тогаш мислам дека нашата држава не смее да остане само нем набљудувач во тоа.

Словенечкиот министер за образование, наука и млади Борут Рончевиќ во вторникот најави сеопфатна реформа на училишниот систем, која вклучува укинување на деветгодишното основно образование и постепено воведување на преобликувано осумгодишно основно училиште од учебната 2028/2029 година, таа одлука доаѓа по објавувањето на најновите резултати од меѓународното истражување ПИСА 2025, кои покажаа значителен пад на постигањата на словенечките петнаесетгодишници.

Вака во пракса реагира една држава и еден сериозен општествен систем, каде на база на сериозна анализа се приспитува одредена одлука која за жал не постигнала посакувани ефекти и резултати и веднаш се приспатува кон нејзина промена. Затоа Словенија повторно го отвора прашањето за организацијата на основното образование и најавува враќање кон осумгодишен модел. Тоа не е само промена на бројката на години поминати во основно училиште. Тоа е порака дека образовниот систем мора постојано да се преиспитува според резултатите што ги постигнува, а не според политичката навика.

И токму тука е прашањето за Македонија: дали и ние треба да ја преиспитаме деветолетката? Според мене одговорот треба да биде – ДА, но сепак врз основа на одредени аргументи, научни анализи и пред се мерливи резултати.
Исто така извештајот на ПИСА 2025 укажува на тоа дека кај 15 годишнаците има има пад на перформансите во читањето и математика на глобално ниво. Но кога се говори за Македонија нашите 15-годишњаци имаат пониски резултати по математика во споредба со 2022 година но другите резултати се приближно на исто ниво како и порано, но сепак мојата поента не е да ги цитам и толкувам резултатите од тоа мерење, туку да се обидам да сугерирам за одредни промени во делот на нашето образование генерално од основно до високо (оти ни е е хаотично) но со посебен акцент на основното или т.н базата за описменување на нашите деца.

Факт е тоа дека деветгодишното основно образование во Македонија беше воведено со идеја за подобра подготовка на учениците, постепено воведување во образовниот процес и создавање поширока образовна основа. Но, секоја реформа по одреден период мора да биде евалуирана и континуирано следена да повторам со цел да се види дали дава резултати. Денес не треба да се прашуваме само колку години детето е во училиште, туку што научило за тие години.

Ако ученикот поминува девет години во основно образование, а по нив нема доволно развиена функционална писменост, математичко размислување, дигитални компетенции, критичко мислење и практични знаења, тогаш проблемот не е само во ученикот, туку проблемот е во системот (а нашиот образовен систем делува колабирано).

Современото образование не може да се мери само со бројот на предмети, часови и учебници. Неговата вистинска вредност се мери преку способноста на младите луѓе да размислуваат, да решаваат проблеми, да создаваат, да комуницираат и да се приспособат кон светот што брзо се менува.

Затоа, не е лошо да се размисли од надлежното Министерство да се формира независна стручна комисија составена од универзитетски професори, педагози, психолози, социолози, наставници, директори на училишта и експерти за образовни политики, која би имала мандат да направи целосна анализа на досегашното функционирање на деветолетката и тоа во делот на: резултати, наставни програми, оптовареност на учениците, квалитет на наставата и преминот од основно во средно образование, но во исто време и од преголемта административна активност на денешниот наставник а не негова фунакција во развојот на детето.

И на пример без активирање на суетност и суети во процесот, доколку анализата покаже дека осумгодишниот модел може да даде подобри резултати, тогаш нашата држава не би требало да се плаши од промена на системот. Но, исто така, не треба да се направи грешката и целосно да се копира словенечкиот модел без да се земат предвид нашите македонски услови. Македонија има сопствени образовни, демографски, социјални и економски специфики. Она што функционира во Словенија не мора автоматски да функционира и кај нас.

Затоа вистинската дилема не е: „Девет или осум години?“

Вистинската дилема е: „Какво образование сакаме да му обезбедиме на македонското дете за следните 20 години?“
Ако одговорот е образование за 21 век, тогаш мора да се преиспитаат наставните програми, начинот на оценување, подготовката на наставниците, дигитализацијата, практичната настава и врската меѓу образованието и пазарот на трудот. Македонија не смее да има образовен систем кој само ги „чува“ децата во училиште. Таа мора да има систем кој ги подготвува за животот.

Словенечкиот пример затоа треба да биде повод за сериозна национална дебата, а не за политичко препукување. Деветолетката не треба да биде недопирлива догма, но ниту осумлетката треба да биде магично решение.
Реформата треба да биде резултат на едно едноставно прашање:
Што е најдобро за македонското дете?

Ако одговорот бара промена на деветолетката – треба да ја промениме.
Ако одговорот бара целосно нова деветолетка – треба да ја модернизираме.

Но најлошата опција е да не направиме ништо. Зашто образованието не смее да биде систем што го наследуваме. Тоа мора да биде систем што го создаваме за иднината.

Како пример ќе го наведам нашиот Факултет за физичко образование, спорт и здравје кој пред нешто помалку од десетина години го на база на анализа поткрепена од европскиот програм Ерасмус + се заложи за воведување во основно образоавние таканаречена “Тандем настава“ која значеше не само реформа туку и револуција во основното образование во делот на часот по физико и здравствено образование, а за таа цел тогашното раководство и на колегите од факултетот како модел го скенираа и обсервираа словенчкиот образовен систем кој се базира на учење на здрави животни навики преку физичката активност на часот по физичко и здравествено образовение со вклученост на двајца наставници и тоа одделенски наставник и наствник по физичко и здравстевно образовение.

И конечно државата мора да ги мотивира (од секој аспект, парично, ресурно, иинфраструктурно) нашите наставници и професори кои се дел од основното и средното образование оти тие се првата линија за тоа што како производ ќе се произведе и каков кадара понатака ќе биде дел од академската заедница.


Го препознаваш ли вистинското?