Skip to main content
Скопје

(Фото) Еколошка акција во Скопје: Се чисти кејот на реката Вардар

30/09/2026  11:32

Град Скопје денеска ја реализира големата еколошка акција за чистење на градот.

Во акцијата која се спроведува во сите општини се приклучуваат и амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Меѓу просторите што утрово се чистеа беше и кејот на реката Вардар во центарот на градот во непосредна близина на зградата на МАНУ.

Од Град Скопје велата дека акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.